ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно зголемување на платите и предупреди дека ССМ нема да биде виновен за протестите доколку не се постигне договор, рече Трендафилов додавајќи дека протестите би се одржале на 2 и 7 април пред Владата.
Потсети дека Владата ги повлекла членовите од Комисијата за утврдување на репрезентативност со цел, како што рече, да имаат изговор да кажат дека платите не треба да се зголемат.
Трендафилов најави дека во наредниот период, седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на ССМ ќе се одржуваат на отворено.
-Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на органите и телата ќе се одржат на отворено и пред работодавачите и пред Владата како досега што го правевме тоа на претходната влада, имајќи предвид дека во 2022 година токму на таков начин обезбедивме 2.806 денари, рече Трендафилов.
ССМ, како што нагласи, ќе побара поддршка од братските синдикати, од Европската и од Меѓународната конфедерација на синдикати.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп