ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај

Сојузот на синдикати на Македонија најавува неколку протести во следниот период. На 2 април, ССМ ќе излезе на протест пред Врховниот суд поради одлуката што ја донесе овој суд за одземање на Работничкиот дом, а на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот ќе го организира традиционалниот првомајски протест од кој ќе биде испратена порака дека работниците очекуваат најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена од новата влада и враќање на хранарината и превозот.
- На 2 април ќе организираме протест од пред зградата на ССМ кој ќе заврши пред Врховниот суд во насока да им покажаме на судиите дека треба да се одважат и побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците имајќи предвид дека ССМ само пред еден месец достави предлог за повторување на постапката врз основа на новите докази до Основниот граѓански суд Скопје. Во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом и негово доделување на државата. На државата не и треба уште една зграда, и требаат работници и синдикати, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција.
Трендафилов информираше дека е испратено барање и до Уставниот суд бидејќи Врховниот суд не ја почитувал одлуката на Уставниот суд донесена во 1992 година во која се кажува дека државата нема право да одзема имот на синдикатите.
- Им стоиме на располагање на уставните судии доколку не повикаат за да ги чујат нашите аргументи. Доколку е потребно, ќе се потпишат не само 17-те членови на синдикатите при ССМ, туку и сите 70 илјади членови на синдикатот, рече Трендафилов.
Врховниот суд на 9 ноември лани донесе пресуда со која Работничкиот дом му се одзема на ССМ по што раководството на ССМ побара оставка од судиите што ја донесоа одлуката и поднесе предлог за нивно разрешување до Судскиот совет.
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
