Бизнис
21. August 2024 - 16:36

ССМ бара зголемување на минималецот, намалување на функционерските плати и враќање на работничкиот дом

Зголемување на минималецот и раст на платите , како во јавниот , така и во приватниот сектор.  Синдикатот бара пристојни плати за  да се врати достоинството кај работниците, и што поскоро средба со власта . Ако не се зголеми  минамалната на 450 евра, а со тоа и останатите примања - ќе нема кој да работи . Дури и увезените работници од Непал, бегаат од државата. . На 78 годишнината од основање , бараат и политичарите да не го чуваат во фиока барањето за намалување на функционеските плати за 78%.

 - Ме загрижува одност на политичарите кон работниците. Барањето  за намалување на функционерските плати  за 78% го поднесуваме уште лани. Уште стои во фиока. Слушаме изјави од политичари  дека ако им се намали платата, ќе си одат. Тоа што нив треба да ги загрижува е дека доколку не се зголемат платите на работниците, работниците ќе си заминат од Македонија поради тоа што ќе имаат можност да работат во Црна Гора за 600 до 800 евра, во Бугарија за 500 евра, во Србија за 500 евра, БиХ за 500 евра, а да не зборуваме за Хрватска и за Словенија., изјави Слободат Трендафилов, претседател на ССМ

Околу 35 илјади работници земаат минамална плата од 22.500 денари. 9,000 пак на сметка добиваат од  еден денар до 5 повеќе од минималецот, што е спротивно на законот, вели Трендафилов. Газдите  со неплаќање приденси и давање плата во плик,  годишно го оштетуваат буџетот за 250 милиони евра.

ССМ бара и да се укине одлуката на Врховниот суд, со кој им се одзема Работничкиот дом.  Еден од  тројцата судии потписници  за конфискација на имотот  беше Наќе  Георгиев ,  кој ќе лежи 3 години затвор заради поткуп. За да се исправи неправдата со одземање на имотои почетокот на септември доаѓа и .генералниот секреатр на Европската конфедерација на синдикати, Естер Линч. . И тааа очекуав средба со владините претставници.