ССМ бара итно решавање на политичката криза

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара од надлежните политички субјекти итно решавање на политичката криза и, како што наведува во Првомајскиот проглас, создавање услови за нормален развој на државата и реализација на евроинтегративните процеси.
Барањето за решавање на политичката криза го потврди и претседателот на ССМ Живко Митревски пред денешната тркалезна маса за заштита при работа.
- Апелираме политичката криза што е можно побрзо да се реши за да се обезбедат понормални услови во делот на спроведувањето на евроинтеграциските процеси на Република Македонија, обезбедување постабилни услови за работа на работниците и граѓаните во Република Македонија, изјави Митревски.
Како што стои, пак, во Првомајскиот проглас на ССМ, синдикатите денес се исправени пред силни предизвици наметнати од неолибералните политики од се уште присутната економска криза, а во Македонија се дополнително исправени и пред сериозната политичка криза.
- Во овој контекст синдикалната борба станува еден од најзначајните фактори во мобилизирањето на сите синдикални сили врз основа на принципот на единство, солидарност и доверба да ги остварат социјалните и економските права на работниците, да ги унапредат работничките права, да ја елиминираат нееднаквоста, да го збогатат социјалниот дијалог, да остварат вклученост на синдикатите во креирањето на социјално економските политики и генерално да обезбедат сигурни работни места и спроведување на индустриска демократија, стои во Прогласот.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
