ССК: Потенцијал за пласирање македонски производи на индискиот пазар

Интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Индија, беше во фокусот на средбата на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и новоименуваниот амбасадор на Индија за Република Македонија Пооџа Капур.
Како што соопшти денеска ССК, на средбата присуствуваа и претседатели на секторските комори во рамки Сојузот, при што беше потпишан Меморандум за соработка со Балканско-индиската бизнис асоцијација (БИБА) која делува во насока на проширување и развивање на економската соработка меѓу балканските земји и Индија.
- Зајакнување на економските врски, продлабочување на економската соработка и унапредување на трговската размена меѓу државите за искористување на потенцијалот на индискиот пазар за македонските компании се нашите заложби за следниот период, истакна Арсовска и додаде дека Меморандумот за соработка се очекува да обезбеди деловна комуникација, да поттикне иницијативи за заеднички учество на конференции, симпозиуми и актуелна размена на податоци за подобрување на деловните односи.
Според ССК, Индија во последните години бележи значителен економски раст. Вкупната трговска размена меѓу двете земји лани изнесувала 58,4 милиони евра, од кои извоз 17,4 милиони евра, а увоз 41 милион евра.
Ново на Сител
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
