-->
-->
Српскиот вицепремиер Дачиќ во посета на Косово
-->
Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во Косово, при што ќе посети, како што стои во соопштението на српското министерство за наворешни работи, „објекти од српското културно наследство во Косово и Метохија кои се под заштита на УНЕСКО“.
- Дачиќ ќе ги посети подрачјата на културното наследство во Косово и Метохија кои се регистрирани во списокот на културно наследство на УНЕСКО, патријаршијата во Пеќ, црквата во Призрен и манастирот во Грачаница, објавија косовските медиуми.
Посетата тој ќе ја искористи и за разговор со српските свештеници, каде се верува дека ќе упати и политичка порака пред парламнтарните избори во Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев