Српски воен падобранец загина по скок со падобран
Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Во соопштението се наведува дека по приземјувањето, Станковиќ бил итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, и покрај брзата реакција и напорите на лекарите, им подлегнал на повредите околу 19 часот.
Надлежните органи пристигнаа на местото на настанот. Истрагата е во тек. Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили нареди формирање комисија за утврдување на околностите на вонредниот настан.
Српски Телеграф пишува дека Станковиќ е роден на 25 декември 1983 година и дека е во српската армија од 2005 година. Зад себе остави сопруга и две деца. Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на починатиот Станковиќ.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за Фатмир Дехари, вработил четири лица кои примале плата, а не оделе на работа
-

Висока лавинска опасност на Шар Планина, предупредување од Националниот парк
-

Мицкоски: „Безбеден град“ ќе се имплементира, додека сум премиер ќе се борам да спасам макар и еден човечки живот
-

Управа за финансиска полиција: Кривична пријава за претседателот на РКЕ Марко Бислимоски
-

Предложени претставниците на партиите во работната група за Изборниот законик
-

Ѓорѓиевски: Почнува постапката за набавка на повеќе од 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“
-

Кривична за „даночно затајување“ против правно лице од Струмица и двајца управители на правното лице
-

Мурињо: Остваривме историска победа над Реал
