Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска

Доколку се формира војска на Косово, врз претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде извршен голем внатрешен притисок за властите во Белград да прогласат окупација на Косово, бидејќи според сите договори, само КФОР се тие кои можат да бидат на таа територија како воена формација. Таа информација, за српскиот весник „Новости“ ја наведува извор од врвот на власта, кој укажува дека таква опција подолго време заговараат и некои најблиски соработници на шефот на државата и одделни претставници на воениот врв. Тие сугестии, како што објавува весникот, се зголемиле по барањето на САД во ОН да се укине мандатот на мисијата УНМИК што може да биде вовед во прекин на важењето на Резолуцијата 1244.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вчера рече дека се додека Резолуцијата 1244 е во сила, во Косово не може да има никаква друга вооружена сила освен КФОР.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
