Српски лекари бараат смена на Кризниот штаб, земјата е во здравствена катастрофа
Група од околу 350 лекари во Србија, под името „Обединети против Ковид“, во отворено писмо до Владата и други надлежни институции, се оградуваат од републичкиот Кризен штаб за борба против Ковид-19 и бараат негова смена, оценувајќи дека Србија се наоѓа во „јавно-здравствена катастрофа“.
Како што јави телевизијата Н1, лекарите кои го потпишале отвореното писмо бараат да се формира нов Кризен штаб, да се испитаат обвинувањата за прикривање на податоците и да се запре „заплашувањето и политизацијата кои го нарушуваат личното достоинство на здравствените работници“.
Лекарите во писмото наведуваат дека решиле да се појават во јавност „затоа што не гледаат друго решение за катастрофата на јавното здравство во кое се наоѓа Србија“, по повод епидемијата на коронавирус, како и дека Хипократовата заклетва и општата етика ги обврзуваат на тоа.
– Целосното олеснување на рестриктивните мерки во предизборниот период (митинзи, натпревари, турнири, прослави) доведе до губење на контролата врз епидемиолошката состојба и тоа во никој случај не може да се оправда со стручни мотиви, оценија лекарите.
Како што наведоа во отвореното писмо, конфузијата во однос на бројот на болни и починати е предизвикана од несогласување со статистичките и епидемиолошките очекувања, сознанијата од секојдневната работа и контрадикторните изјави во јавноста.
Потписниците на отвореното писмо бараат и независна истрага дали податоците биле намерно сокривани и утврдување одговорност за тоа.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух