-->
-->
Српски државјанин починал во Медицинскиот центар во Велес
-->
Во СВР Велес вчера било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес починал М.К.(57) од Крагуевац.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски наведе дека лицето, прво побарало медицинска помош во Градско, по што, по негово барање, бил пренесен во Медицинскиот центар Велес, каде починал.
Посочи дека лекар од Медицинскиот центар констатирал, смрт без траги на насилство.
Додевски изјави дека по наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица