Српската Влада воведе привремена забрана за влез на странски државјани од земји жаришта на Ковид 19
Владата на Србија на денешната седница донесе дополнителни мерки за спречување на ширење и контрола на заразното заболување Ковид-19, според препораките на српските епидемиолози и во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО), јави дописникот на МИА од Белград.
-Се воведува привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронарен вирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија, се наведува во соопштението на српската влада.
Во мерките е и препораката за строго почитување на забраната за патување на вработените во системот на здравствена и социјална заштита во Република Србија во земји со интензивно пренесување на КOVID-19 како и во жариштатат на епидемијата.
Во соопштението се наведува дека благодарејќи на навремената и одговорна реакција на здравствениот систем, бројот на лица кои страдаат од коронарен вирус во Србија е четири.
-Нема простор за паника и загриженост бидејќи Србија реагираше одговорно од самиот почеток и ги заостри контролите на граничните премини, особено на аеродромите. Упатствата на Светската здравствена организација и препораките на епидемиолозите се почитуваат, а некои од нив имаат лично искуство во справување со слични ситуации, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба