Српската Влада основа Координативно тело за граничниот премин Миратовце-Лојане
Владата на Србија донесе одлука за формирање на Координативно тело за воспоставување на граничниот премин Миратовце-Лојане меѓу Србија и Северна Македонија.
Задачата на Координативното тело, како што е наведено во документот објавен во Службен весник, е „да ги преземе сите мерки и активности за исполнување на потребните услови за воспоставување на граничниот премин Миратовце-Лојане“.
Албанците од Прешево во Србија, како и во прекуграничното место Лојане, со години наназад бараат отворање на уште еден граничен премин кон Северна Македонија и обратно кон Србија.
Пред осум години, околу илјада жители на Миратовце во општината Прешево побараа од македонската и српската влада да донесат одлука за отворање на граничен премин.
Причината за ова, како што наведоа, е што многу имоти и роднините, по воспоставувањето на новите државни граници меѓу Србија и Северна Македонија, останале на спротивната страна на границата.
Оддалеченоста меѓу селата Лојане и Миратовце изнесува три километри, но жителите на Лојане мораат да патуваат и по 33 км за да стигнат до Миратовце, преку граничниот премин Табаноце-Прешево.
За отворањето на овој граничен премин зборуваа и премиерите на двете држави, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, во август годинава, при отварањето на заедничкиот премин Табановце- Прешево.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко