Српската опозиција бара ОБСЕ да ги надгледува белградските избори

Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ и Народната партија на Вук Јеремиќ им предложија на лидерите на партиите на „вистинската опозиција“ во Србија, да побараат од властите престојните избори за членови на органите на локалната власт на Белград да ги надгледува ОБСЕ и „тоа во полн состав“.
- Имајќи предвид дека ниту една препорака на ОБСЕ за унапредување на изборниот процес во Србија не е исполнета и покрај бројните замерки кои ОБСЕ ги има упатено до властите за време на претседателските избори годинава, српската опозиција смета дека полното присуство на ОБСЕ е неопходен предуслов за регуларност на изборите за град Белград, се наведува во заедничкото писмо упатено до опозициските партии.
Во соопштението се оценува дека на претседателските избори во април годинава, на кои ОБСЕ немаше набљудувачка мисија, имало повеќе неправилности и неизбалансирано медиумско известување.
Писмото е упатено до Демократската партија (ДС) на Драган Шутановац, Социјалдемократската партија (СДС) на Борис Тадиќ, Двери на Бошко Обрадовиќ, Новата партија (НОВА) на Зоран Живковиќ, Доста беше (ДЈБ) на Саша Радуловиќ и други помали опозициски партии.
Законски, изборите за Градоначалник и Собранието на Град Белград треба да се одржат до март 2018 година, но извори од владејачката Српската напредна партија (СНС) највуваат дека се размислива за распишување на предвремени градски и вонредни парламетарни избори во текот на наредните месеци.
Опозицијата во Србија засега прави неуспешни обиди за заеднички настап на белградските избори, сметајќи дека така има големи шанси да ја победи владејачката коалиција на СНС и Социјалистичката партија на Србија (СПС).
Ново на Сител
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
