Српската армија летово ќе добие нова елитна единица и најмодерно оружје
Српската армија летово ќе добие нова елитна единица формирана од најдобрите војници, кои ќе бидат вооружени со најмодерно оружје. Тие ќе можат во секој момент да ја заштитат Србија од терористички закани, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Најдобро обучените членови на специјалната единица за првпат ќе бидат претставени пред јавноста по контролата што ќе биде извршена од врховниот командант, новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ.
Оваа најмоќна единица на српските вооружени сили ќе биде составена главно од членови на Специјалната бригада на српската армија.
Единицата ќе биде опремена според настрогите светски стандарди и ќе имаа вооружување на речиси исто ниво како и најсилните армии во светот, наведува весникот.
- Првите 1.500 војници со овој стандард ќе имаат оружје и опрема со највисок квалитет. Станува збор за комбинација од увозни и локални компоненти што гарантираат најголема ефикасност и највисок степен за заштита на луѓето, соопшти српското Министерство за одбрана.
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи