Српска листа на консултации во Белград

Претставници на партијата Српска листа пред денешната вонредна седница на косовскиот Парламент, на која треба да се избира новата владата, се на косултации во Белград.
Претставниците на Српска листа се на средба со Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија во српската влада.
- Белград од Српска листа ќе бара Приштина да даде гаранции за формирање на Заедницата на српски општини, за што е потпишан договор пред четири години во Брисел. Исто така српската страна ќе бара спојување на општинте Прилуже и Племет во една, да се гарантира безбедноста на сите Срби што живеат во Косово, да бидат заштитени српските верски и културно-исторски објекти, како други барања, објавија дел од албанските медиуми, додавајќи оти не е исклучена средба и со претседателот Александар Вучиќ.
Во меѓувреме мандатарот за формирање на новата косовска влада, Рамуш Харадинај оцени дека „сега во земјата е воспоставена традиција со Србите од Косово“ и оти „очекува оваа традиција да продолжи со Српска листа“.
Харадинај се очекува на седницата, закажана за 18 часот, да го соопшти составот на новата влада, во која Србите имаат три министерски места.
За да биде изгласана владата потребни се 61 глас. Коалициските партнери имаат 62 гласа, од нив девет се на Српска листа.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
