Српска листа го бојкотира референдумот за разрешување на градоначалниците во северно Косово
Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, соопшти дека одлучила да не учествува на гласањето на 21 април за разрешување на градоначалниците на четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население.
Претседателот на таа партија, Златан Елек на прес-конференција во неделата изјави дека премиерот Албин Курти направил сé за да не успее референдумот за смена на градоначалниците Албанци во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, кои беа избрани на последните локални избори со многу мал број гласови, откако Србите истите ги бојкотираа.
Елек рече дека ставот на партијата е и волја на Србите, кои го сочинуваат мнозинството во четирите општини во северно Косово. Тој наведе неколку причини зошто овој процес треба да се бојкотира.
– Можеби залудно ќе излеземе на референдум и ќе ги малтретираме граѓаните кои беа доволно малтретирани од репресијата на режимот во Приштина.
И се поставува прашањето – дали референдумот е во согласност со Уставот. Една ластовичка не носи пролет.
Со доаѓањето на нашите четворица градоначалници, албанските советници ќе останат до крајот на мандатот. За ова им укажавме на странските амбасадори, рече Елек.
Тој се пожали и на бројот на гласачи кои се утврдени според Централната изборна комисија, нагласувајќи дека објавената бројка не се совпаѓа со реалноста на терен.
– Во некои случаи, при средби со претставници на Квинта и други амбасадори, предупредивме дека овие податоци не се точни и дека не се совпаѓаат со реалната состојба на теренот, бидејќи во последните месеци повеќе од 15 проценти од луѓето од северно Косово се иселија.
За жал, не наидовме на разбирање. Имаше многу други можности за смена на градоначалници, како што е нивното разрешување, рече Елек.
Според админитративното упатство на Владата во Приштина, за разрешување на градоначалниците потребни се на 50 отсто плус еден глас од избирачкото тело.
Србите и српските партии ги бојкотираа општинските избори во четирите северни општини на 23 април 2023 година.
По поставувањето на градоначалниците Албанци во општинските згради, со асистенција на полицијата, Србите предизвикаа големи немири на северот.
После тоа се појави барањето за одржување нови избори, за што се изготви административното упатство, врз основа на кое е покрената петиција за разрешување на градоначалниците.
Следната фаза е гласањето за разрешување, кое е закажано за 21 април.
Доколку се изгласа разрешувањето, тогаш ќе се закажат нови избори за градоначалници во четирите општини со мнозинско српско население.
Ново на Сител
-
Масовна тепачка во скопска кафеана за тоа кој да ја плати сметката
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината