СРМ обвинува за притисок врз Ромите во администрацијата
Сојузот на Роми од Македонија денеска обвини дека владејачката партија СДСМ преку директори на државни институции врши притисок врз Ромите вработени во администрацијата од кои се бара да го посетат штабот на партијата се сликаат со нивниот кандидат за градоначалник на општината, Курто Дудуш, и потоа да им ја покажат.
Како институции чии раководни лица го прават притисокот тој ги посочи Генералниот секретаријат, Државниот архив на РМ, ГТЦ, и неколку министерства.
- Во име на овие мирољубиви Роми во РМ им укажуваме на нивните раководители и директори да престанат со ваквите притисоци и да и овозможат на администрацијата професионално да си ја врши својата работа, рече носителот на листа на советници на СРМ Сеад Исмаил.
Додаде дека со оваа прес-конференција сака да ги извести и претставниците на ЕУ, на амбасадите, ОБСЕ/ОДИХР, како и Народниот правобранител да реагираат на ваквото однесување со цел да се овозможат демократски услови на претстојните избори да победи подобриот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава