"Среќни луѓе" сите добри ги знаат, но никој не приметил дека една од најуспешните денешни пејачки се појавува во серијата
Серијата "Среќни луѓе" заедно со нејзиниот претходник "Подобар живот" е една од најпопуларните серии емитувана во овој регион.
Иако главните ликови сите одлично ги знаат, малку познато е дека во серијата се појавиле денешни познати пејачки, а една од нив е и Леонтина Вукомановиќ,
Леонтина во "Среќни луѓе" се појавува за врме на целиот серијал, статист е во бендот кој ја следи Ивана Михиќ, свири на гитара и е прилично непрепознатлива. И тогаш била верна русокоса.
Две години по снимањето, се појавува на избор за мис со песната "Поклони ми", со различен имиџ.
Денес Леонтина е член на жирито во Пинк ѕвездички, во чија постава е уште од почетокот.
Покрај тој, освен Ивана Михиќ која во "Среќни луѓe" беше секси пејачката Кети Бабовиќ, Кристина Коваќ и Јасмина Ќириќ пееја во двата серијали.
И Леонтина и Кристина денес важат за едни од најуспешните и најценетите српски пејачки.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата