Балкан
3. February 2017 - 13:20

Среќа која ретко се доживува: Стана баба двапати за помалку од 24 часа

Секоја баба и секој дедо вели дека да станеш баба и дедо е најголем благослов, и дека внуците се сакаат повеќе и од децата, но ваква дупла среќа ретко се доживува.
 
62-годишната Зорица Стојковиќ од Србија стана баба и тоа два пати за 19 часа! 
 
Нејзиниот син Владимир и снаата Јелена малиот Вук го добиле на 11 јануари, а бабата и дедото од Белград пресреќни отишле во болница. Веќе  рано наутро среќата станала уште поголема кога следела нова принова. Во седум наутро и се породила и ќерката Јана. Таа на свет го донела малиот Чедомир.
 
Ваква дупла среќа ретко кој доживува. Нека се живи и здрави.