Средствата од Водици во Тетово донирани за три семејства

Средствата собрани од верниците при одбележувањето на Богојавление Водици во Тетово беа донирани во хуманитарна цели, со организирање на навивачката група Војводи кои беа дел од прославувањето во соборниот храм Свети Кирил и Методиј. Сите собрани средства се дадени за помош на три семејства од социјално-ранливи категорија.
-Финансиските средства се искористени за приклучок на електрична енергија и храна за домот на повеќедетното семејство од Брвеница, отворање на сметка за неколку месечна исхрана за лица од семејство кое се тешка материјална состојба во Копанце и за обезбедување на храна на семејство во Сиричино. Исто така во неколку претходни наврати навивачката група Војводи – Тетово со сопствени акции помогнаа во обезбедување на облека за социјално-незгрижени семејства и лица, информираат од навивачката група Војводи.
За време на одржување на Бадникарската литија низ Тетово, членови на навивачката група учестуваше во обезбедување на движењето на бадникарите низ улиците и помош во реализација на идејата.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
