Средношколката Марија Симеонова жетварска убавица на Деновите на кочанскиот ориз

Седумнаесетгодишната Марија Симеонова, ученичка во гимназијата „Љупчо Сантов“, е избрана за жетварска убавица на Кочани за 2018 година. Таа ги освои гласовите на публиката, но и на жирито кое одлучуваше на традиционалниот избор што се организира во рамки на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
Годинава, за титулата се натпреваруваа 12 девојки, а круната од оризови класје, на победничката и ја врачи минатогодишната жетварска убавица.
Жетварската убавица, заедно со своите две придружнички Вања Дојчинова и Благица Христоска добија награди од општина Кочани, што им ги додели градоначалникот Николчо Илијев.
Во музичко-забавниот дел на изборот учествуваа членови на танчерската школа „Ит дж бит“ на кочанецот Илија Карадакоски и танцовиот клуб „Степ ап“ од Битола.
Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ со низа културни и спортски содржини продолжува денеска, а утре со традиционално зажнејување со срп, што ќе го изведе жетварската убавица, ќе биде означен официјалниот почеток на годинашната жетва на оризот.
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
