Средношколци со хуманитарен концерт ја донесоа Евровизија во Струмица
Седумдесет ученици од гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица заедно со нивните професори Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова по осми пат го приредија традиционалниот божиќен хуманитарен концерт.
На годинашниот концерт што се одржа на сцената во Центарот за култура „Антон Панов“ тие ги изведоа евровизиските хитови од 1974 до 2014 година.
Солистите, хорот, бендот и ритмичката група со интересни аранжмани и кореографија ги отпееја и одиграа евровизиските песни победнички. Посебен дел беше посветен на македонските учесници на Евровизија, како и на поранешните учесници од Југославија. Концертот заврши со најпродаваниот евросонг-Ватерло на шветската група АБА.
Средствата собрани од продажбата на влезници и од донациите ќе им бидат врачени на неколку лица од Струмица за лекување.
На хумантирниот концерт присуствуваа и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, струмичкиот градоначалник Коста Јаневски и пратеници.
Ново на Сител
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава