Среде бел ден се обидел да силува жена, па ја претепал за 30 денари

Четиринаесет годишен малолетник од Србија среде бел ден нападна жена на улица. По неуспешниот обид да ја силува, тој и украј 60 динари.
Според податоците на српскиот Ало, 14-годишниот С.Р. среде бел ден, околу 11 часот ја нападнал 49-годишната жена која се движела на улица.
Момчето буквално рипнало на жената, а откако таа за среќа успеала да се одбрани, тој и го земал паричникот во кој имало 60 динари (30 денари). Момчето и пришло на жената, ја фатило за рацете и ја бутнало во грмушка. Таа за среќа успеала да се оттргне. Во моментот на настанот немало никој на улицата, иако важи за една од пофреквентните каде постојано поминуваат луѓе.
Освен што се обидел да ја силува и ја ограбил, малолетникот исто така и ја претепал жената.
За делото кое го направил ќе си заработи казна.
Ново на Сител
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
