Средби на Јолевски на маргините на Меѓународниот безбедносен форум Халифакс
Министерот за одбрана Зоран Јолевски на маргините на Меѓународниот безбедносен форум Халифакс 2015, во Канада, се сретна со министрите за национална одбрана на Канада и Литванија, Харјит Синг Сајан и Лоузас Олекас, со заменик-секретарот за одбрана на САД, Роберт Ворк, министрите за одбрана на Албанија и Холандија, Мими Кодели и Жанин Енис Пласшерт, со парламентарниот државен секретар на Федералното Министерство за одбрана, Ралф Брауксиепе, како и со повеќе дипломатски претставници од Европа и САД.
На Форумот, на кој главни теми на панелите се последните безбедносни случувања во Европа и Африка, мигрантската криза и војната против ИСИС, учествуваат голем број високи државни претставници, дипломати, сенатори, експерти, членови на парламенти, уредници на медиумски куќи, претставници на тинк тенк заедницата, од повеќе од 60 земји.
На средбите, соопшти Министерството за одбрана, Јолевски се осврна на актуелните безбедносни предизвици во регионот и пошироко и во тој контекст ја истакна потребата од скоро евро-атлантско интегрирање на регионот. Потенцираше дека соработката во областа на одбраната со НАТО земјите е на потребно ниво, Република Македонија е земја која е силен контрибутор во глобалниот мир и безбедност и заслужува место во колективните системи за безбедност.
Заедничко на соговорниците на Јолевски од средбите беше истакнувањето на загриженоста во однос на мигрантската криза, и согласувањето за потребата од заедништво и засилена соработка. Ја истакнаа подршката за евро-атлантска интеграција на регионот и се заблагодарија за постојаноста и придонесот на Република Македонија во мировните операции.
Меѓународниот безбедносниот форум Халифакс 2015 е реномиран форум кој се одржува еднаш годишно и е посветен на глобалните безбедносни прашања. Форумот Халифакс е независна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, и се одржува во соработка со Канадскиот приватниот сектор и Канадската влада.
На годинашниот Форум дискусиите беа во насока на наоѓање одговор на актуелните безбедносни прашања, кои ги опфаќаа и научените лекции од досегашните мисии во Ирак и Авганистан, потоа беа разменети мислења меѓу сите учесници како од политичката фела, така и од претставниците на медиумите во насока на наоѓање соодветен одговор за решавање на кризата во Сирија, мигрантската криза, вклучувајки ги и економските мигранти, која сериозно и се заканува на Европа, борбата против тероризмот. Притоа беше истакнато дека потребно е да се подготват нови стратегии и заеднички да се делува против новиот начин на тероризам и особено внимание да се посвети на социјалните медиуми кои веќе покажаа дека најголемата регрутација на борците доаѓа токму од тука, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање