Средба Заев-Вархеји: Верувам дека новата методологија за проширување ќе има фер пристап и ќе се заснова на мерит систем
Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и Калинка Габер од Комисијата за европски прашања на СДСМ, денеска се сретнаа со делегација на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување Оливер Вархеји.
На средбата претседателот Заев истакна дека Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.
– Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните, истакна претседателот Заев.
Претседателот Заев се осврна и на новата методологија за проширување на ЕУ, изразувајќи надеж дека таа ќе биде фер и ќе се заснова на систем на заслуги.
– Секој ден, секоја недела, секој месец е важен за реализација на реформите кои се важни за нас и за ЕУ. Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап и ќе се вреднува единствено по мерит системот. Наш главен мотив и натаму е ЕУ и таа нема алтернатива, се што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Отпочнување на преговори со Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион, посочи претседателот Заев.
Од страна на еврокомесарот Вархеји беше истакнато дека новата методологија за проширување се подготвува и дека наскоро ќе биде претставена пред земјите членки на Унијата. Вархеји посочи дека е важно државата да продолжи на европскиот курс, да продолжи со реформите, а особено значајно е носењето на новиот Закон за Јавно обвинителство со што Македонија уште еднаш ќе покаже дека е посветена на реформите важни за напредокот кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор