Средба Заев-Пломп

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп на која станало збор за изборите одржани на 11 декември.
Како што соопшти партијата, Заев истакнал дека мнозинството граѓани во Македонија, над 600.000 луѓе избрале промени и ја нагласил одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ, на како што се посочува, провокациите што и се најмалку потребни на Македонија.
- Македонија ќе добие Влада на сите граѓани посветена на нивните потреби, како и на потребните реформи за независно судство, медиуми, институции кои работат во служба на граѓаните. Граѓаните се одлучија за Влада што отвора перспективи и тоа е следниот чекор во започнатите демократските процеси во државата, рекол Заев, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
