Средба со откупувачите на пролетна зелка во МЗШВ

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска ќе се одржи работен состанок со откупувачите на пролетна зелка.
Главна тема ќе биде како да се одржи откупната цена на зелката на задоволително ниво.
Состанокот следува по завчерашната средба на призводителите во МЗШВ на која беше побарано во наредните две недели откупната цена на пролетната зелка да се задржи на сегашните 30 денари за да се покријат трошоците и производството да биде рентабилно.
Министерството тогаш најави дека состојбата со откупната цена ќе се следи континуирано за навреме да се преземаат мерки, а земјоделците да не трпат ценовни шокови. Паралелно се работи и на долгорочна стратегија за обезбедување сигурен пласман и создавање цврсто договорно производство меѓу земјоделците и откупувачите.
Еден ден пред состанокот во МЗШВ, производителите одржаа предупредувачки протест во Муртино.
Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина. Интересот за откуп е голем, поради што не се очекува вишок.
Ново на Сител
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
