Средба Попоски - Козијас во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на маргините на министерскиот состанок во Солун, претпладнево има тет-а-тет средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
На средбата, која се уште е во тек, двајцата министри ќе разговараат за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција и зајакнување на соработката во справувањето со заедничите предизвици како што е мигрантската криза. На средбата исто така ќе се разговара и за претстојниот состанок за мерките за градење доверба кој треба да се одржи на почетокот од наредната седмица во Скопје.
По денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, Попоски ќе има билатерална средба и со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација