Средба Попоски-Коѕиас во Солун
Билатералните и економските односи меѓу Македонија и Грција, напредокот во спроведувањето на мерките за градење доверба и проблемите во регионот беа главните теми за кои денеска во Солун разговараа министрите за надворешни работи Никола Попоски и Никос Коѕиас.
Ова за МИА го потврди и претставник на грчкото Министерство за надворешни работи, кој додаде дека средбата помина во многу добра атмосфера.
Коѕиас пред средбата изјави дека со Попоски нема да разговараат за прашањето за името.
Во врска со мерките за градење доверба Коѕиас потсети дека досега имаше две рунди средби и разговори за мерките.
- Петрос Мавроидис, политичкиот директор (на Министерството за надворешни работи) ќе биде на 25 април во Скопје за третата рунда разговори за мерките за градење доверба. Веќе се имаме договорено за 11 мерки и се додаваат и нови, кои се за подобрување на развојот на економските и општествените врски, рече грчкиот министер и додаде дека покрај мерките за градење доверба веќе е започнато „нешто кое во меѓународната дипломатија се нарекува политички дијалог со оваа држава“.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО