Македонија
10. May 2022 - 16:36

Средба Османи - Шаленберг: Време е за договор со Бугарија - идејата на Макрон добра само за Украина

Никогаш досега не било толку важно проширувањето на ЕУ. На европско тло се води војна и најважниот инструмент против неа е проширувањето, вели австирскиот МНР. Зтоа тој смета дека побрзо треба да се отворат преговорите со Македонија и Албанија. Шаленберг вчера беше во посета и на Бугарија, не открива за што разговара со МНР Генчовска, но вели дека и ограбрен, решението е близу и малку прашања меѓу Скопје и Софија останува да се решат.

Според Османи, во случајот со земјава на бугарска страна фали волја за надминување на спорот.

Макеоднија на јуни гледа како на последна шанса, а Радев вели дека не е здраво да се се поставуваат ултиматуми. Османи вели ова не  е уцена, туку проценка.

Македонија и Западен Балкан треба да завршат со членство во ЕУ, вели Османи, а идејата на претседателот Макрон за формирање европска политчка заедница се однесува на источна Европа, смета Османи.

Неодложно отпочнување на преговорите побара и претседателот Пендаровски на средбата со австрискиот мнистер Шаленберг.