Средба на Заев со директорот на Делегацијата на германското стопанство во РМ

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со директорот на Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија, Патрик Мартенс.
Како што соопшти владината прес-служба Мартенс, во име на над 200 компании членки на Унијата на германските комори за индустрија и трговија во Сојузна Република Германија, изразил благодарност што премиерот Заев покажал респектибилно внимание за активностите на делегацијата.
На средбата директорот Мартенс соопшти дека Делегацијата на германското стопанство во Скопје од пред 8 месеци го подигна својот статус заради исклучителната позитивна трговска размена меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, но и пред сѐ, заради препознаените позитивни и нагласено реформски процеси што ги отпочна новата влада.
Оваа клима, како што истакна господинот Мартенс, е во целосна согласност со целите на Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија преку кои се обезбедуваат информации и друга логистика и олеснување на бизнисите на германските компании, како и на македонските, кои сакаат да воспостават бизнис релации со компании во Германија.
Премиерот Заев истакна дека оваа информација потврдува дека определбата на новата Влада во однос на поддршката на странските и домашните инвеститори да се обезбеди правна сигурност за нивните бизнис потфати, како и еднаков пристап на сите бизнис иницијативи кон квалитетни услуги на државните институции и јавната администрација, е добар сигнал за реформскиот курс на владата.
Според зацртаните заложби на Делегацијата на германското стопанство, директорот Мартенс информираше дека оваа асоцијација за кусо време ќе им понуди на германските компании во Република Македонија, како и на македонските, стручни тренинзи за нивните вработени, особено во делот на обуки за управувачи со автоматизирани процеси и машини со современа технологија кои ќе им овозможи на работниците да се стекнат со знаења и вештини кои се нопходни во компаниите кои користат нови технологии.
Премиерот Заев истакна дека оваа информација е од значење за една од централните иницијативи на новата Влада – проектот „Младинска гаранција“, кој има за цел да овозможи полесен пристап на младите кон конкурентни работни места и изрази поддршка за оваа иницијатива, како и за другите акции на Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија.
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
