Средба на Заев со Боштинару, Фајон и Пицула: Поддршка за интеграциите на Македонија
Безрезервна поддршка за интеграциите на Македонија изнеле на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев европратениците од групата на прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент: Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула.
- Европратениците од групата на СД во ЕП соопштија дека се тука да дадат безрезервна поддршка на евро-интеграциските процеси во Република Македонија. Тие изразија охрабрување до премиерот Заев, Владата и сите политичко-општествени чинители во Македонија за решавање на прашањата што се наоѓаат на патот на оваа важна цел за Република Македонија, соопшти владината прес-служба.
Боштинару, Фајон и Пицула, стои во соопштението, го оцениле како важен успешниот реформски процес во земјава во изминатите неколку месеци, по мудрото надминување на политичката криза, а ги поздравиле и интегративните политики на премиерот Заев и на Владата, како меѓуетнички, така и во политичка смисла, за градење едно општество за сите, што се на линија на европските вредности.
На средбата е констатирано дека за Република Македонија е значајна и интеграцијата во НАТО, којашто гарантира стабилност, а со тоа и прогрес на економски план, а безбедност и стабилност, како што беше речено, и се потребни и на Европската унија.
- Остваривме две третини од реформскиот План 3-6-9, а водиме и политики на пријателство и дома и во регионални рамки. Нашите очекувања се дека ваквите чекори на Владата водат кон тргање на условеноста на препораката за отпочнување преговори на Македонија со ЕУ, а во скоро време добивање и датум за преговори. Исто така отвораат и НАТО перспективи. Ја имаме меѓународната поддршка, а за Република Македонија беше и останува важна поддршката на СД, рекол премиерот Заев.
Според него, средбата со европратениците Боштинару, Фајон и Пицула е значајна порака и потврда дека граѓаните и Република Македонија во Европа имаат поддржувачи за остварувањето на стратешките цели, што водат кон напредок
Ново на Сител
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња