Балкан
26. July 2016 - 15:54

Црнила наместо свадба- детали за трагедијата која го потресе Балканот по силното невреме

Две средношколки на возраст од 15 години настрадале од удар на гром во Александровац, Србија, јавуваат медиумите.

Според јавниот сервис во Србија, РТС во невремето кое ги зафатило Александровац и околината од удар на гром смртно страдала петнаесет годишна девојка, а уште една нејзина врсничка со тешки повреди во кома била пренесена во болница во Крушевац.

Една од тинејџерките (Анѓела Б.) починала на лице место, а втората (ИванаИ.) во болница, откако докторите повеќе од 90 минути се обидувале да ја реанимираат, ама не успеале.

-Како што дознаваме, Анѓела Б. живеела на Индустриската улица во Александровац. Ивана И. била четврто дете во семејството до село Руденице, каде сите се подготвувале за свадбата на нејзината најстара сестра, пишува Блиц.

Во моментов се истражува дали тинејџерките користеле мобилни телефони во моментот на ударот.