Свет
7. November 2019 - 9:24

Средба на Трамп и Ердоган на 13 ноември во Вашингтон

Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп, потврдија за време на телефонскиот разговор синоќа дека ќе се сретнат во Вашингтон на 13 ноември, соопштија турските власти.

Средбата ќе се одржи на покана на Трамп.

Турскиот и американскиот лидер разговараа и за билатералните прашања и регионалниот развој, додаваат неименувани официјални претставници.