Средба на Ташевска-Ременски со амабасадорот на Шведска,Стафансон
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со амабасадорот на Шведска, Матс Стафансон и заменик шефот на Мисијата на Амбасадата на Шведска, Антон Иреквист.
На средбата, како што соопшти Министерството, било разговарано на повеќе заеднички теми како што се ЕУ-перспективите на Република Македонија, при што посебно била истакната поддршката на Шведска што ја дава на Македонија на патот кон ЕУ, како и целокупната поддршка.
Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбите во Министерството за труд и социјална политика во услови кога на чело на институцијата е министер од опозиција.
На средбата министерката Ташевска-Ременски и амабасадорот Стафансон разговарале и за унапредување на можноста за посвојување деца од државјани на Шведска и условите под кои тоа би можело да се оствари.
Ново на Сител
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност