Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
Потребна е деполитизирана и департизирана постапка, како и донесување нов закон за помилување, е заедничката оценка од денешната работна средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување.
На средбата одржана на иницијатива на Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, таа образложила дека основната причина за свикувањето на средбата е неподелениот став на правниците дека постојниот закон предизвикува сериозни проблеми во процесот на помилување и дека има потреба од нов закон.
Консултирањето на членовите на претходните комисии за помилување, според неа, е неопходен чекор за утврдувањето на недостатоците и проблемите, како и нотирањето на излезните правни и институционални решенија. Во четиричасовната дебата најпрво е потенцирано дека помилувањето е човеково право на осудените лица што мора да се почитува и спроведува. При неговото давање и одмерување не смее да има политичко и партиско влијание.
Во процесот на помилување најважна е координираната работа меѓу судот, Министерството за правда и Комисијата за помилување, со почитување на начелото на поделба на власта.
- Мнозина од поранешните членови на комисиите за помилување го критикуваа рестриктивниот пристап на помилување. Во таа насока, беше предложено зголемување на опфатот на помилување, како по однос на бројот на помилуваните, така и во поглед на времетраењето. Сите учесници сметаат дека комисијата треба да остане отпорна на притисокот на јавноста, водена од оправданоста на сопствените одлуки за помилување. Членовите ја посочија и потребата за обезбедување механизми, преку индивидуален пристап комисијата изворно да се информира за состојбата на осуденикот и степенот на неговата ресоцијализација, независно од природата и висината на казната. На работната средба, учесниците ја констатираа неопходноста од донесување на нов закон за помилување, што ќе ги земе предвид искуствата од примената на актуелниот закон, како и компаративните искуства и примери. Според нив, на донесувањето на законот треба да му претходи експертска и широка јавна дебата, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите