-->
-->
Средба на Шекеринска со британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан
-->
- Работиме на суштински внатрешни реформи како и на подобрување на односите со соседите. Тоа се сложени процеси, кои бараат политичка волја, време, но и постојана поддршка од нашите сојузници, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со министерот за Европа и Америка, сер Алан Данкан, во рамки на нејзината посета на Велика Британија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата во Министерството за надворешни работи и Kомонвелт, со Данкан, кој важи за добар познавач на состојбите во Македонија, министерката се заблагодари за континуираната британска поддршка во имплементацијата на реформските евро-атлантски процеси.
Министерот Данкан, се посочува, истакна дека Велика Британија продолжува да ја поддржува Република Македонија во нејзината интеграција во НАТО и Европската Унијана,. Тој напомнал дека Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во 2018 во Обединетото Кралство претставува одлична можност да се покаже напредокот на Македонија во повеќе области. Додаде дека е свесен дека сите промени не можат да се случат одеднаш, но важно е да постои континуиран и одржлив напредок, стои во соопштението на Министерството за одбрана
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН и СОНК пред договор за зголемување на платите и колективен договор
-
По Струмица, забранета е водата за пиење и во Гостивар
-
Светска банка: Штетите од климатските промени можат да ја чинат земјава 4% од БДП
-
Ниту една компанија не ги почитува правилата за заштита на животната средина
-
МОН и СОНК се блиску до договор за покачување на платите
-
Ачковска/Улчар – Преспанскиот договор го одзеде правото на македонците за самоопределување
-
ДЗСИ врши вонреден надзор на Детска клиника - кој ќе одговара за починатото 14-месечно бебе?
-
Српскиот премиер Вучевиќ во официјална посета на Македонија