Свет
30. October 2017 - 11:06

Средба на шефовите на армиите на САД, Јужна Кореја и Јапонија

Шефовите на армиите на САД, Јужна Кореја и Јапонија имаа трилатерални разговори, соопшти денеска американската армија.

Началникот на Генералштабот на американската армија Џозеф Данфорд ги прими вчера јужнокорејскиот и јапонскиот колега во седиштето на американската пацифичка команда на Хаваи.

Целта на средбата била тројцата да разменат мислења во врска со прашањето за неодамнешните севернокорејски тестирања на балистички ракети со голем дострел, како и за нуклеарните тестирања.

- Тие ја повикаа Северна Кореја да се воздржи од неодговорни провокации што поттикнуваат регионални тензии, како и да го напушти деструктивниот пат за развој, се наведува во соопштението на американската армија.