Средба на претставници на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на Координативното тело на администрацијата во јавните здравствени установи
Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Синиша Стојаноски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов денеска се сретнаа со претставници на Координативното тело на администрацијата и помошно – технички лица во јавните здравствени установи.
Тема на средбата беше фактот што министерот за здравство Венко Филипче ја манипулира администрацијата во здравството во делот на покачување на платите.
Од Координативното тело ги информираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ дека е потпишан Анекс на Колетивниот договор со кој помошно – техничкиот пероснал во секторот здравство е изманипулиран и покрај ветувањата што им се дадени.
Претставниците на Координативното тело соопштија дека има барање за именување на администрацијата во здравството како „здравствена администрација“, составен дел од здравствените систем. Со ова, како што посочија претставниците на Координативното тело, ќе се направи усогласување со стандардите во државите членки на Европската унија.
Од Координативното тело на средбата информираа и дека ќе продолжат со борбата да ги остварат своите права запознавајќи ги со своите барања сите релевантни субјекти.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата изразија разбирање за потребите што ги претставија претставниците на Координативното тело на администрацијата и помошно – технички лица во јавните здравствени установи.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа