Средба на претседателот на Врховниот суд со американскиот амбасадор

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова денеска имаше средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Л. Бејли.
Како што соопштија од Врховниот суд за време на средбата, станало збор за досегашните резултати од реформите на судскиот систем.
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова изрази благодарност за досегашната соработка и помош преку повеќето проекти на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија кои се дадени во поддршка и развој на судството во Република Македонија.
Неделкова и амбасадорот Бејли, ја констатираа потребата од продолжување на реформата, но со давање приоритет во однос на измената на одредени законски решенија со цел обезбедување и подобрување на ефикасноста и независноста на судството.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
