Средба на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски со претседателот на Уставниот суд на Шпанија
Учеството на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска – Данева на VI-от Конгрес на Светската Конференција за уставна правда кој се оддржува во Мадрид, започна со билатерална средба со претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Кандидо Конде Пумпидо Турон.
На средбата, претседателот на Уставниот суд Костадиновски изрази висока почит за улогата на шпанскиот Уставен суд во изградбата на правната држава и во владеењето на правото во Кралството на Шпанија.
Беа разменети информации во однос на предизвиците со кои се соочуваат двата суда, а на интерес на соговорникот, преседателот Костадиновски, го запозна со активностите на Балканскиот форум на уставни судови и со аспирациите на Форумот да стане посебен дел односно да биде на листата на регионални групи на Светската конференција, за што ќе се одлучува на Генералното собрание во четврток.
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, упати покана за посета на претседателот на Уставниот суд на Шпанија, на Република Северна Македонија, во октомври или ноември 2026 година, на самитот кога Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе претседава со Форумот на Балкански уставни судови.

Пумпидо изрази целосна подготвеност за јакнење на билатералните врски и соработка, размена на искуства и знаење имајќи ги предвид сличните предизвици и фази во развојот и улогата на двата суда во развојот на демократските вредности и владеењето на правото во Република Северна Македонија и Кралството на Шпанија. Претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Пумпидо изрази силна поддршка и подготвеност за соработка во напорите на Република Северна Македонија за интеграција во Европската унија, истовремено искажувајќи интерес за причините коишто долг временски период го оддолжуваат овој процес.
Претседателот Костадиновски, упати честитки за организацијата на Светската конференција.
На денешната агенда на Светската конференција, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата д-р Ана Павловска – Данева, ќе учествуваат на двете регионални групи, односно на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови и на Конференцијата на Европските уставни судови на која ќе се усогласуваат ставовите за заеднички настап на Пленарниот состанок на Светската конференција што започнува утре.

Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
