Македонија
17. December 2019 - 8:34

Средба на Пендаровски со поглавари и претставници на верските заедници

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија.

– На средбата ќе присуствуваат поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија. На средбата ќе присуствува и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, соопштија од кабинетот на Пендаровски.