Средба на Пендаровски со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, кој престојува во посета на Република Македонија, на која било разговарано за продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, со акцент на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена.
На средбата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, двајцата оцениле дека двете држави имаат пријателски билатерални односи, без отворени прашања. Изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, претседателот Пендаровски и Џаферовиќ разговараа за можноста за воспоставување на директна авионска линија помеѓу Скопје и Сараево, како и за можноста за отворање на Катедра за изучување на босанскиот јазик во Македонија.
Пендаровски посочил на интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена со Босна и Херцеговина, која, како што било посочено на средбата, заостанува зад добрите политички односи.
На средбата, се вели во соопштението, соговорниците разменија мислења во однос на европските аспирации на двете држави. Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од нашата држава за европските аспирации на БиХ. Исто така, претседателот Пендаровски изрази и подготвеност за споделување на искуства во однос на НАТО интегративниот процес. Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните состојби во регионот.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер