Средба на Павлопулос со шефот на германската дипломатија

Грција и се приклучува на Германија и на сите партнери во Европската унија за изградба на просперитетна Европа која ги почитува основните принципи и вредности на кои се заснова демократијата, правната држава и социјална правда, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на денешната средба во Атина со германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.
Павлопулос нагласи дека сите Европејци треба да изразат сочувство до народот и властите на Велика Британија, и да се истакне дека Европа ќе биде непопустлива кон феноменот на тероризам против човештвото.
- Тероризмот нема да помине. Ќе ги браниме луѓето и демократија од секој предизвик, рече тој.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот претседател на средбата со Габриел се осврна и на „критичната ситуација во нашиот регион, Медитеранот и особено во Егејот, истакнувајќи дека Грција ќе ги спроведе заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ќе ги преземе сите неопходни одлуки за одбрана на границите, и на европските граници“.
Германскиот министер за надворешни работи изрази сочувство до Велика Британија за вчерашниот терористички напад и истакна дека Европејците треба да стојат еден до друг, додавајќи дека едни од најважните прашања се оние што се поврзани со безбедноста на границите, тероризмот и криминалот.
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
