Средба на партиите на Албанците во Собранието, Беса не учествува
Во Собранието на Република Македонија попладнево се одржува средба на претставнци на партиите на Албанците на која, како што е најавено, се разговара за точките од Декларацијата на албанските партии.
На средбата присуствуваат лидерот на ДУИ Али Ахмети и Садула Дураку, од ДПА Луан Треси и Бардил Даути, Гзим Острени од Унитети, Сурија Рашити од ДР-ДПА, како и Весел Мемеди од НДП, на чија иницијатива се организира состанокот. Претставник на Беса не присуствува на состанокот.
Пратеникот Фадиљ Зендели од Беса изјави дека тие не присуствуваат на средбата поради тоа што поканата не била искрена и без конкретна агенда, а ја свикал човек во служба на ДУИ.
- Оваа иницијатива не е искрена. Пред да се свика ваква средба треба да се консултираат сите потписници на Декларацијата со конкретна агенда. Од друга страна иницијатор на средбата е човекот кој пред претходните избори беше главниот виновник кој од аспект на опозиција не успеа да се обедини и да имаме една коалиција, со што денеска ќе имавме една друга слика во Собранието. Како што тогаш и служеше на ДУИ и сега и служи на ДУИ. Затоа сметаме дека во една таква агенда не треба да учествуваме. Албанската Декларација се злоупотребува, смета Зендели.
Ова е втора средба на претставниците на партиите од албанскиот блок на која се разговара за реализирањето на декларацијата. Првата средба беше на иницијатива на ДУИ пред околу еден месец
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување