Средба на НГШ на АРМ Методија Величковски со гувернерот на Вермонт Фил Скот

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски во Монтпелиер остварил средба со гувернерот на Вермонт Фил Скот, на која присуствувал и командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.
Величковски на вчерашната средба, како што соопшти ГШ на АРМ, порачал дека резултат на партнерската Програма за соработка која успешно се спроведува повеќе од две декади со активно инволвирање на националната гарда на Вермонт и Универзитетот Норвич во полето на воената обука и образование, е денешното искрено пријателство помеѓу Република Македонија и Сојузната Држава на САД, Вермонт.
Потврдено било и стратегиското партнерство со Вермонт, а се нагласила и можноста од подобрување и проширување на соработката меѓу Македонија и Вермонт во различни сфери на интерес со цел исполнување на стратегиската определба на Република Македонија за членство во евроатланските интеграции, се наведува во соопштението на ГШ на АРМ.
Во рамки на повеќедневната посета на САД, делегацијата на АРМ го посети и воениот универзитет „Норвич“, кој е најстариот приватен воен Универзитет во САД и годинава прославува 200 години постоење.
Генералот Величковски остварил средба со претседателот на универзитетот, адмирал Ричард Шнајдер, а се сретнал и со питомците од Република Македонија кои врз основа на воспоставената соработка со Воената Академија, веќе втора генерација се наоѓаат на школување на овој престижен воен универзитет во траење по еден семестар.
Делегацијата, како што стои во соопштението, извршила и обиколка на Агенцијата за кризен менаџмент и државна безбедност на Вермонт, каде се разговарало за досегашните заеднички активности и облиците за понатамошна соработка со оваа Агенција.
Значењето на партнерската програма за соработка со НГ на Вермонт се огледа во досегашните активности каде од почетокот до денес се реализирани повеќе од 800 активности на кои над 6.000 припадници на АРМ ги совладале стандардите, техниките и процедурите на вооружените сили на САД, кои се имплементирани во командите и единиците на АРМ, со што се достигнати стандардите на НАТО.
Досегашните заеднички вежби и учеството во наменските сили „Феникс“ во мисијата „ИСАФ“, претставуваа мотив за продлабочување на соработката и во други сфери и со организации на цивилното живеење во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
