Средба на началникот на ГШ на АРМ Величковски со американскиот амбасадор Бејли
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денeска оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Л. Бејли и одбранбеното аташе полковник Томас Батлер.
На средбата, соопшти денсека Министерството за одбрана, генералот Величковски и амбасадорот Бејли ја истакнале одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили (ВС) на САД. Началникот на ГШ на АРМ Величковски нагласил дека ВС на САД се стратешки патнер на АРМ во меѓуармиската соработка.
Заблагодарувајќи се за поддршката на САД кон Република Македонија, генерал-потполковник Величковски, стои во соопштението, се заложил за натамошно јакнење и проширување на соработкаta помеѓу двете армии преку развој на проекти, во функција на поголема интероператибилност на АРМ со НАТО.
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди