Средба на министерот Спасовски со германскиот амбасадор Герберих

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија, Томас Герберих.
Спасовски, како што соопшти МВР, изразил надеж дека ќе продолжи успешната соработка меѓу двете држави, а Република Македонија наскоро ќе направи прогрес во процесот за интеграција во Европската унија и НАТО.
- Министерот Спасовски ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, за таа да се департизира и декриминализира односно да биде вистински сервис на граѓаните и го запозна амбасадорот Гербрих за преземените мерки во првите сто дена од мандатот. Спасовски ја потенцира и добрата соработка со германската полиција, пред се во борбата со тероризмот и насилниот радикализам, се вели во соопштението од МВР.
Амбасадорот Гербрих, како што се додава во соопштението, му честитал на министерот Спасовски за сработеното во овој релативно краток временски период и му посакал успех во натамошното спроведување на реформите.
Тој потенцирал дека Сојузна Република Германија е пријателска земја и партнер кој и во иднина ќе и дава поддршка на Република Македонија, а понуди и конкретна помош за Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
