Македонија
13. September 2019 - 18:57

Средба на министерот Милевски со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во неговиот Кабинет имаше средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Министерот Милевски ја запозна амбасадорката Брнз со работата на Министерството, актуелните теми и тековните активности.

Како што соопшти Министерството, на средбата Милевски се осврна на помошта што САД и ја дава на земјава која, рече, непоштедно придонесува за развој на демократијата на политички и на економски план.

Министерот ја увери амбасадорката Брнз дека се залага за сестрана соработка со амбасадата на САД во РСМ и за размена на добри искуства и практики.