Средба на министерот Исмаили со рускиот амбасадор Баздникин

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
На средбата, како што се наведува во соопштението на Министерството, Исмаили и Баздникин ја потенцирале досегашната одлична соработка во делот на културата меѓу двете земји, која досега резултираше со реализација на повеќе квалитетни содржини со кои македонските културни вредности се претставуваат пред руската публика, како и со реципрочни настапи на руски уметници пред македонската публика.
Беше истакната и традиционалната соработка во сферата на литературата и издавачката дејност, како и соработката во театарската дејност. Во тој контекст, министерот Исмаили информираше дека до крајот на годинава е предвидена и реализација на манифестацијата „Денови на македонската култура во Руската Федерација“, додека, пак, Олга Панкина во Москва ќе го реализира проектот „Читај ја Македонија“.
Министерот Исмаили се заблагодари за поддршката во делот на културата што ја дава Амбасадата на Руската Федерација и изрази уверување дека македонско-руското партнерство и понатаму ќе продолжи да се развива и да се унапредува.
Инаку, освен на билатерален план, Република Северна Македонија и Руската Федерација имаат одлична соработка и на мултилатерален план – во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, преку која се реализираат многу заеднички проекти и активности со кои се зачувуваат културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
